Nokia C6 01 - Совети за фотографии и видео записи

background image

Совети за фотографии и видео записи
За да ја отворите камерата, притиснете го копчето за камерата.

Кога фотографирате:

Користете ги двете раце за смирено да ја држите камерата.

Кога ќе зумирате, може да се намали квалитетот на фотографијата.

Можете да додадете фотографија на контакт од листата со контакти. Откако

ќе снимите фотографија, одберете ја иконата

>

Use image

>

Assign to

contact

. Поместете ја рамката за да ја исечете фотографијата, допрете го

екранот за да ја прикажете лентата со алатки, одберете ја иконата , потоа

одберете го контактот и иконата .

Ако не ја користите камерата подолго од една минута, таа ќе го вклучи

режимот на спиење. За да ја пробудите камерата, кратко притиснете го

копчето за камерата.

Одржувајте безбедно растојание кога го користите блицот. Не го користете

блицот на луѓе или животни одблизу. Не го покривајте блицот додека

фотографирате.

Кога снимате видео:

За најдобри резултати, пред да започнете со снимањето, затворете ги сите

отворени апликации.

Ако снимате видео записи во мемориска картичка, за најдобра изведба

користете компатибилна, брза, високо квалитетна microSD картичка.

Препорачаната класа на microSD картичка е 4 (32 Mbit/s (4 MB/s)) или

повисока.

Пред првата употреба, направете резервна копија на сите важни податоци на

картичката и искористете го телефонот за да ја форматирате картичката, дури

и ако картичката била претходно форматирана или користена со телефон

на Nokia. Форматирањето ги брише сите содржини на картичката.

Ако со текот на времето се намали изведбата на мемориската картичка,

направете резервна копија од важните содржини на картичката и искористете

го телефонот да ја форматирате картичката.