Nokia C6 01 - Проверка на времето во различни градови

background image

Проверка на времето во различни градови
За да го видите времето во различни локации, додадете ги во табот за светскиот

часовник. Исто така, можете да додавате слики за локациите, на пример, некоја

слика од Ваш пријател кој живее во актуелниот град или некој приказ од Вашата

омилена туристичка атракција.

Во почетниот екран, одберете го часовникот.

Отворете го табот на часовникот низ светот. .

Додавање на локација
Одберете ја и некоја локација. Можете да додадете до 15 локации. За земји со

неколку часовни зони, можете да додадете неколку локации.

Додавање слика за локација
Одберете и задржете ја локацијата и од менито што се појавува одберете

Change

image

и некоја слика.