Далечинско заклучување на телефонот
Го заборавивте Вашиот телефон на работа и сакате да го заклучите за да спречите
неовластена употреба? Можете да го заклучите Вашиот телефон далечински со
користење на текстуална порака. Исто така, можете далечински да ја заклучите
мемориската картичка.
Овозможете далечинско заклучување
1 Одберете >
Settings
>
Phone
>
Phone management
и
Security settings
>
Phone and SIM card
>
Remote phone locking
>
Enabled
.
2 Внесете ја содржината на Вашата текстуална порака. Може да биде долга од
5-20 знаци, а може да се употребуваат големи и мали букви.
3 Повторно внесете го истиот текст, и потврдете го.
4 Внесете го кодот за заклучување.
126 Управување со телефон
Испраќање на пораката за заклучување
За да го заклучите телефонот далечински, напишете го претходно дефинираниот
текст и испратете го до Вашиот телефон како текстуална порака.
За да се отклучи Вашиот телефон, потребен Ви е кодот за заклучување.