За Exchange ActiveSync
Одберете >
и
New mailbox
>
Exchange ActiveSync
.
Дали сакате работната пошта, контактите и календарот да Ви бидат при рака, без
разлика дали сте покрај компјутерот или сте во движење со мобилниот телефон?
Можете да ја синхронизирате важната содржина помеѓу уредот и серверот на Mail
for Exchange.
Mail for Exchange може да биде наместена само ако Вашата компанија има
Microsoft Exchange сервер. Дополнително, IT администраторот на Вашата
компанија мора да има активирано Microsoft Exchange ActiveSync за Вашата
сметка.
60
Пошта
Овој уред може да комуницира со серверите со овозможен Microsoft Exchange
ActiveSync. Обезбедувањето на овој уред не Ви доделува, ниту ви припаѓаат
никакво права врз интелектуалната способност на Microsoft во однос на каков
било серверски софтвер, серверски уред, до кој е пристапено со користење на
овој уред, или во однос на употребата на Microsoft Exchange ActiveSync, одделно
од овој уред.
Пред да започнете со поставувањето на Mail for Exchange, осигурете се дека го
имате следново:
•
Корпоративна адреса на пошта
•
Името на серверот на Размена (контактирајте со IT одделот во Вашата
компанија)
•
Името на доменот на Вашата мрежа (контактирајте со IT одделот во Вашата
компанија)
•
Лозинката за мрежата за Вашата канцеларија
Во зависност од конфигурацијата на серверот на Размена, можеби ќе треба да
внесете дополнителни информации. Ако не ја знаете точната информација,
контактирајте со IT одделот на Вашата компанија.
Со Mail for Exchange, користењето на кодот за заклучување на телефонот може
да биде задолжително.
Синхронизацијата се случува автоматски во интервали дефинирани кога ја
поставувате сметката за Mail for Exchange. Синхронизирана е само онаа содржина
што е дефинирана при прилагодување на сметката. За да синхронизирате
дополнителна содржина, изменете ги прилагодувањата на Mail for Exchange.