За начините на позиционирање
Maps ја прикажуваат Вашата локација на мапата користејќи GPS, A-GPS, Wi-Fi или
мрежно позиционирање (идентификација на ќелија).
A-GPS и другите подобрувања на GPS може да бараат пренос на мало количество
податоци преку мобилната мрежа.
GPS
GPS (Global Positioning System - Глобален систем за
позиционирање) е систем за навигација што користи сателити
за да одреди каде се наоѓате.
A-GPS
Помошната GPS (A-GPS) мрежна услуга повраќа информации
за локација користејќи ја мобилната мрежа и помага на GPS
при пресметувањето на Вашата моментална локација.
Телефонот е поставен за да ја користи услугата Nokia A-GPS,
освен во случајот ако мрежниот оператор на услуги има свои
прилагодувања за A-GPS. За да ги добиете помошните
податоци на телефонот мора да можете да се поврзете на
98
Мапи
интернет. Телефонот ги добива податоците од услугата само
кога е потребно.
Wi-Fi
Позиционирањето со Wi-Fi ја подобрува прецизноста на
позиционирањето кога GPS сигналите не се достапни,
особено кога сте во затворен простор или помеѓу високи
згради.
Идентификација
на ќелија
Со позиционирањето основано на мрежа (идентификација на
ќелија), Maps ја одредува Вашата локација преку мобилниот
систем на којшто телефонот моментално е приклучен.
На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,
положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите
Американски Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во
внатрешноста на згради или под земја.
Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се
исклучиво на информациите за локацијата обезбедени од GPS и мобилните
мрежи.
Во зависност од достапните начини за позиционирање, прецизноста на
позиционирањето може да се разликува од неколку метри до неколку километри.