Промена на USB режимот
За најдобри резултати кога копирате или синхронизирате содржини од Вашиот
телефон со Вашиот компјутер, вклучете го соодветниот USB режим кога
користите USB кабел за податоци за да се поврзете со различни уреди.
1 Користете компатибилен USB кабел за да го поврзете Вашиот телефон на
компјутерот.
2 На телефонот, лизгајте надолу од областа за известување.
3 Одберете
USB
и од следниве опции.
Nokia Suite — Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер на којшто е
инсталирана апликацијата Nokia Suite. Во овој режим, можете да го
синхронизирате телефонот со Nokia Suite и да ги користите другите функции на
Nokia Suite.
Овој режим е вклучен автоматски кога ќе ја отворате апликацијата Nokia Suite.
Mass storage — Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер на којшто
не е инсталирана апликацијата Nokia Suite. Телефонот е препознаен како USB
flash меморија. Исто така, можете да го поврзете телефонот со други уреди, како
домашен или стерео систем во автомобилот, на којшто можете да поврзете USB
уред.
Кога се поврзувате со компјутер во овој режим, може да не сте во можност да
користите некои од апликациите на телефонот.
До мемориската картичка во Вашиот телефон не може да биде пристапено од
други уреди.
Media transfer — Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер на
којшто не е инсталирана апликацијата Nokia Suite. Музиката заштитена со
управувањето со дигитални права (DRM) мора да биде префрлена во овој режим.
Некои од системите за домашна забава и печатачите исто така, можат да бидат
користени во овој режим.
Use phone as modem — Поврзете го Вашиот телефон со некој компатибилен
компјутер и користете го Вашиот телефон како безжичен модем. Компјутерот
автоматски се поврзува на интернет.