Поврзување на USB уред за масовна меморија
Можете да користите USB On-The-Go (OTG) (Во-движење) адаптер за да го
поврзете Вашиот телефон со компатибилно USB мемориско стапче или тврд диск.
На пример, можете да ги зачувате Вашите фотографии на USB мемориско стапче
без да морате да се поврзувате на компјутер.
Конективност 117
Поврзување на мемориско стапче
1 Поврзете го микро крајот од USB OTG адаптерот (достапно одделно) со
микро-USB конекторот на Вашиот телефон.
2 Поврзете мемориско стапче со USB OTG адаптерот.
Апликацијата Files се отвора и мемориското стапче е прикажано како масовна
меморија.
Копирање датотека
Во Files, одберете и задржете ја датотеката што сакате да ја копирате, а потоа
одберете ја саканата опција, меморијата и папката каде што сакате да ја копирате.
Ако поврзете тврд диск што бара повеќе од енергија отколку што уредот може да
обезбеди, се појавува порака за грешка. Потребно е да поврзете надворешен
извор на енергија со тврдиот диск.