Nokia C6 01 - Поврзување со сет за во автомобил со користење на далечинскиот SIM режим

background image

Поврзување со сет за во автомобил со користење на далечинскиот SIM режим
Со далечинскиот SIM режим, компатибилен сет за во автомобил може да ја

користи SIM картичката на Вашиот телефон.

Одберете >

Settings

>

Connectivity

>

Bluetooth

.

Пред да можете да го вклучите далечинскиот SIM режим, телефонот и додатокот

мора да се спарени. Започнете со спарувањето од додатокот на сетот за во

автомобил.

1 За да го активирате Bluetooth, одберете

Bluetooth

>

On

.

2 За активирање на режимот далечински SIM, одберете

Remote SIM mode

>

On

.

3 Активирајте го Bluetooth во додатокот на сетот за во автомобил.

Кога е вклучен далечинскиот SIM режим, на почетниот екран се појавува

Remote

SIM mode

. Конекцијата со безжичната мрежа е затворена и не можете да ги

користите услугите на SIM картичката и функциите што бараат мрежна

покриеност.

За да упатувате или примате повици кога уредот е во далечинскиот SIM режим,

мора да имате компатибилен додаток, како што е сет за во автомобил.

Вашиот уред ќе дозволи повици за итни случаи само во тој режим.

Деактивирајте далечински SIM режим
Притиснете го копчето за вклучување, и одберете

Exit remote SIM mode

.