Nokia C6 01 - За Bluetooth

background image

За Bluetooth

Одберете >

Settings

>

Connectivity

>

Bluetooth

.

Можете да се поврзете безжично со други компатибилни уреди, како телефони,

компјутери, слушалки и сетови за во автомобил.

Можете да ја користите конекцијата за да испраќате објекти од Вашиот телефон,

да копирате датотеки од Вашиот компатибилен компјутер и да печатите датотеки

со компатибилен печатач.

Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи

радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие

мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако

конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или

други електронски уреди.

Кога телефонот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.

Конективност 113

background image

Совет: Со Вашите Bluetooth конекции можете да управувате и во менито за статус.

За да го отворите статус менито, лизгајте надолу од областа за известување, а

потоа одберете

Bluetooth

. Ако Bluetooth не е прикажано, одберете ја иконата

.

Совет: Можете да додадете направа за Bluetooth во почетниот екран. За брзо

вклучување или исклучување на Bluetooth, одберете ја направата.

Работењето на уредот во скриениот режим е безбеден начин да се избегне

штетен софтвер. Не прифаќајте барања за Bluetooth поврзување од извори на

кои не им верувате. Исто така, можете да ја исклучите функцијата Bluetooth кога

не ја користите.