Полнење на батеријата преку USB
Батеријата е слаба, а Вие немате полнач со себе? Можете да користете
компатибилен USB кабел за да го поврзете Вашиот телефон со компатибилен
уред, како на пример компјутер.
Можете да користите полнење преку USB кога не е достапен ѕиден приклучок. За
време на полнењето на уредот можен е пренос на податоци. Ефикасноста на
напојувањето преку USB може значително да се разликува и може да биде
За почеток
15
потребно долго време пред да почне полнењето и уредот да почне да
функционира.
Можете да го користите Вашиот телефон додека се полни.
За да избегнете кршење на конекторот на полначот, бидете внимателни при
вклучувањето и исклучувањето на кабелот на полначот.