Nokia C6 01 - Користење на Вашиот телефон за првпат

background image

Користење на Вашиот телефон за првпат
Започнете со користење на телефонот, копирајте ги контактите, пораките и други

работи од стариот телефон. Телефонот Ве упатува кога за првпат ќе го вклучите.

Исто така, можете да се претплатите на услугата My Nokia, за да примате помошни

совети и трикови за да го извлечете најдоброто од Вашиот телефон.

За да започнете со некоја акција, одберете ја . За да прескокнете некоја акција,

одберете ја .

Креирајте Nokia сметка за да користите услуги на Nokia. Потребна Ви е интернет

конекција. За информации за можни трошоци, контактирајте со мрежниот

оператор на услуги. Ако не можете да се поврзете на интернет, можете да

креирате сметка подоцна.

Ако веќе имате Nokia сметка, впишете го Вашето корисничко име и лозинка, а

потоа одберете ја иконата .

Совет: Ја заборавивте Вашата лозинка? Можете да побарате да Ви ја испратат во

е-mail или текстуална порака.

Користете ја апликацијата Phone switch за да копирате содржини како:

Контакти

Пораки

Слики

Видео записи

Кога ќе ја поставите Вашата сметка за е-mail, можете да поставите дојдовното

сандаче да се прикажува на почетниот екран, така што лесно можете да ги

проверите Вашите е-mail пораки.

18

За почеток

background image

Ако треба да остварите итен повик за време на поставувањето на телефонот,

притиснете го копчето за повикување.