Авторски права и други известувања
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООДВЕТНОСТ
Со ова, NOKIA CORPORATION изјавува дека овој RM-718 производ е во согласност со суштинските барања и другите
релевантни одредби од Директивата 1999/5/EC. Копија од Изјавата за сообразност може да се најде на http://
www.nokia.com/global/declaration .
© 2012 Nokia. Сите права се задржани.
Nokia, Nokia Connecting People и логото за Nokia Original Accessories се трговски марки или регистрирани трговски
марки на Nokia Corporation. Nokia tune е звучен знак на Nokia Corporation. Останатите имиња на производи и компании
спомнати во овој документ може да се трговски марки или трговски имиња на нивните соодветни сопственици.
Забранета е репродукција, пренос, дистрибуција или меморирање на дел или на целата содржина на овој документ во
било каква форма без претходна писмена дозвола на Nokia. Nokia води политика на продолжителен развој. Nokia го
задржува правото на промени и подобрувања на било кој од производите опишани во овој документ без претходно
известување.
Oracle and Java are registered trademarks of Oracle and/or its affiliates.
The Bluetooth word mark and logos are owned by the Bluetooth SIG, Inc. and any use of such marks by Nokia is under license.
Овој производ е лиценциран под MPEG-4 Visual Patent Portfolio License (i) за лична и нетрговска употреба во врска со
информации кои се шифрирани во согласност со MPEG-4 Visual Standard од корисник вработен во лична и нетрговска
активност и (ii) за употреба во врска со MPEG-4 видеото обезбедено од лиценциран видео добавувач. Нема дозвола
за лиценца или ќе биде земена во предвид за каква било друга употреба. Додатни информации, вклучувајќи ги оние
поврзани со промоција, внатрешна и трговска употреба можат да се добијат од MPEG LA, LLC. Одете на http://
www.mpegla.com.
До максимален степен дозволен со применливиот закон, Nokia или кој било од нејзините давачи на лиценци во никој
случај нема да бидат одговорни за каква било загуба на податоци или на приход или какви и да било посебни, случајни,
последични или индиректни штети што на каков и да било начин се причинети.
Авторски права и други известувања 135
Содржините на овој документ се обезбедени "како што се". Освен ако тоа не го бара законот што се применува, нема
гаранции од каков било вид, било истите да се изрични или да се подразбираат, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи
се на гаранциите што се подразбираат при продажба и соодветност за одредена намена, во однос на прецизноста,
доверливоста или содржините на овој документ. Nokia го задржува правото да го ревидира овој документ или да го
повлече во кое било време без претходна најава.
Обратното инженерство на софтверот во уредот е забрането до степенот дозволен со применливиот закон. Досега,
бидејќи ова упатство за корисникот содржи ограничувања на изјави, гаранции, штети и одговорности на Nokia, таквите
ограничувања исто така ќе ги ограничат било каквите изјави, гаранции, штети и одговорности на давачите на лиценци
на Nokia.
Достапноста на производите, функциите, апликациите и услугите може да се разликува во зависност од регионот. За
повеќе информации, контактирајте го Вашиот Nokia дилер или оператор. Овој уред може да содржи делови,
технологија или софтвер кои подлежат на законите и прописите за извоз од САД и од други земји. Пренамената на
истите во спротивност со законот е забранета.
Nokia не дава гаранција и не презема никаква одговорност за функционалноста, содржината или поддршката на крајни
корисници за апликации на трети лица испорачани со Вашиот уред. Со користењето на некоја апликација, Вие
прифаќате дека апликацијата е дадена како што е. Nokia не нуди никакви изјави, не дава гаранција и не презема никаква
одговорност за функционалноста, содржината или поддршката на крајни корисници за апликации на трети лица
испорачани со Вашиот уред.
Достапноста на Nokia услугите може да се разликува по регион.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД FCC/INDUSTRY CANADA
Овој уред е во согласност со делот 15 од FCC правилата и RSS стандардите на Industry Canada за издавање лиценци.
Работењето на уредот ги исполнува следниве два услови: (1) Овој уред не може да предизвика штетни пречки и (2)овој
уред мора да ги прифати сите примени пречки, вклучувајќи ги пречките што можат да предизвикаат несакано
работење. Вашиот уред може да предизвика ТВ или радио пречки (на пример, кога користите уред во близина на
приемници). За помош, контактирајте ги Вашите локални сервисери.Било какви промени или модификации кои што не
се изрично одобрени од Nokia можат да го поништат овластувањето на корисникот за работа со оваа опрема.
Некои операции и карактеристики се зависни од SIM картичката и/или мрежата, зависни од MMS, или зависни од
компатибилноста на уредите и поддржаните формати на содржини. Некои услуги се предмет на посебна наплата.
/3.1. Издание MK
136 Авторски права и други известувања